Welcome!

By registering with us, you'll be able to discuss, share and private message with other members of our community.

SignUp Now!

Едитирање на РП слики

Savage

Staff member
Administrator
Joined
Nov 22, 2019
Пораки
78
Пред се, здраво на сите.

Во овој туторијал сакам да ви насочам на некој главни нешта на кој треба да внимавате додека ја едитирате вашата РП слика која сакате да ја прикачите на форум. РП сликите имаат голем удел за една факција, бидејќи покрај активноста ин гејм, од нив зависи и тоа дали ќе добиете или нема да добиете статус на официјална факција, а уште поважно е со нив да привлечите други играчи кој ќе сакаат да симулираат карактер во вашата факција. Во Македонија, можам да приметам дека не многу играчи кој знаат РП, знаат да едитираат и РП слики.

1. РП сликите и содржината во нив.

* РП сликите не е само колку да се постира нешто, со нив вие треба и да ги заинтересирате другите играчи за тоа што го симулирате. На пример, прво нешто што паѓа во око на една РП слика може да се каже аголот од која што е сликана. Еве ви пример за некој добри агли од празни РП слики кој се направени ( ). На овие слики можете да приметите дека аголот е добро зафатен, не е само туку така сликано одзади од кај грбот колку да се слика нешто.

* Друго битно нешто околу сликите кој ги постирате на форум е содржината, односно ИЦ чатот што е во нив. Гледам многу слики кои содржат дури и премногу од ИЦ чатот, тие слики најчесто така се скролнуваат, верувајте, бидејќи на секој ќе му досади тоа:
- Еј брат, што прајш?
*NickName се поздравува со X.
- Ништо брат еве...
и така натаму. За една слика да биде добра, доволно е понекогаш и само 1 реченица, ама таа реченица да го представува главното нешто за што се зборува, не мора да се постира цел чат. Еве ви и пример за тоа . Можете да забележете дека на првата слика со само 2 реченици веќе може да се сфате за што станува збор, плус да напоменам пак, аголот е убаво фатен, се гледа целата околината со што лесно може да си го замислете сценариото. На втората слика пак не е опфатен главниот дел, но се гледа дека карактерите зборуваат за нешто важно, со оваа се задржува вниманието на корисникот на форумот, го заинтересирува за што прават муабет и што ќе се случе понатаму. Пак да напоменам, во овие две слики аголот исто така е убаво фатен.
* Во некој слики може да се содржи и тоа „Еј брат, како е“ и така натаму, доколку одма после тоа следува да речиме главната вест. Пример * Какви фотографии не треба да постирате?
Од лично искуство, можам да ви кажам дека фотографии во кој има *Private chat и фотографии од типот /me uziva so prijatelite na ulica, не се прифатени кај повеќето играчи кој што разбираат РП и се сметаат како аматерски, таквите фотографии воопшто не ни покажуваат нешто важно, ставени се како порака+ само, па затоа избегнувајте такви фотографии.

* Празни фотографии, или фотографии без никаков текст.
Понекогаш, и празните фотографии можат да кажат многу за ситуацијата. Пример за тоа како треба да изгледа една празна фотографија:
Пример за како да НЕ изгледа една празна фотографија.
Во втората буквално не се прикажува ништо, само луѓе како стоат и не е јасно што се случува.
 

Marquezz

Civilian
Joined
Dec 6, 2019
Пораки
21
Фала многу помогна,само во што да едитирам LSRP+ или Photoshop?
 

Savage

Staff member
Administrator
Joined
Nov 22, 2019
Пораки
78
Препорачливо е Photoshop, подобро е, сепак може и во LSRP+
 
Top Bottom