Welcome!

By registering with us, you'll be able to discuss, share and private message with other members of our community.

SignUp Now!

Пријава против играчи

Status
Not open for further replies.

meow

proud cat father
Staff member
Server Manager
Joined
Nov 20, 2019
Пораки
73
Пријава против играч

Доколку сте биле вклучени во инцидент со друг играч кој прекршил одредено РП правила намерно, ова е единственото место каде што можете да гo пријавите освен In Game пријавите. Размислете внимателно пред да пријавите некого. Првенствено разговарајте со него / нив и пробајте да ги решите проблемите на смирен начин, но доколку тоа не успее тогаш слободно може да го / ги пријавите на форум, запомнете дека ова е ПОСЛЕДНИОТ НАЧИН на решавање на проблемите.

Ова НЕ е место каде што пријавувате играчи само под сомнение дека направиле нешто, туку треба да се држите до фактот дека имате ВАЛИДНИ докази. Запрашајте се што се десило и дали пријавата ќе го реши проблемот. Сите прифатени пријави ќе подлежат на истрага од страна на администратор.

Пријава против играч

Пред да пријавите одреден играч, размислете дали вашата жалба ги исполнува следните прашања:
Дали пријавениот користел некакви недозволени модови / хакови.
Дали играчот имал масивен ефект над role-playот што резултирало вие да изгубите нешто.
Дали играчот прекршил RP правило, НАМЕРНО.
Дали пријавениот ве навредил со неговите коментари и изразување.
Дали играчот искористил некој сервер буг.


Ако одговорот на било кое од овие прашања е да, тогаш продолжете да читате надолу. Доколку не, тогаш сте на погрешно место тогаш ова не е вистинскиот борд кој го барате и не пишувајте никаква пријава. Доколку поставите пријава, а и самите сте свесни дека не е валидна, тогаш само вие ќе претрпите казна наместо пријавениот. Запоменете дека на админите му е потребно некое време да ја истражат пријавата онаква каква што е, со оглед на тоа забрането е вршење притисок над администрацијата или поставување на нови пријави како би дошле до побрз заклучок. Доколку некој во играта ве нарече, карикирам: "нуб" или "идиот", не го земајте тоа при срце и едноставно пројдете преку тоа, има многу потешки работи во животот кои ќе ги слушнете.

Слично со тоа, доколку се работи за нов SAMP играч и не е запознат баш најдобро со правилата, тогаш ви препорачуваме да го опоменете вербално и да го научите зошто е тоа така, наместо да го пријавувате. Нема потреба новите играчи да бидат казнувани доколку навистина не се запознаени. Помагајте едни на други и сетете се како е да се биде почетник. Со опомена или објаснување, ситуацијата би се средила во најголем број од случаите, пример: некој направил ninjajacking со тоа што ви ја украл колата, ако го опоменете тој би требало да ви ја врати, ако не го направи тоа, ТОГАШ поставете жалба тука.

Поставување на пријава
Пред него што поставите формат за пријава, проверете ги IG правилата за одржување на roleplay.

Кога го пишувате репортот исполнете го секое барано поле со одговор, бидете јасни и концизни.

Code:
[b]Играчот кој го пријавувате:[/b] ТЕКСТ ТУКА
[b]Датум на инцидентот:[/b] ТЕКСТ ТУКА
[b]Време на инцидентот:[/b] ТЕКСТ ТУКА

[b]Вашето IG име:[/b] ТЕКСТ ТУКА
[b]Сведоци во случајот:[/b] ТЕКСТ ТУКА

[b]Прекршено правило:[/b] НАВЕДЕТЕ ГО САМО ИМЕТО НА ПРАВИЛОТО
[b]Како е правилото прекршено (Max 250 зборови):[/b] ТЕКСТ ТУКА

[b]Докази кои го поддржуваат кажаното:[/b] ТЕКСТ ТУКА
 
Last edited by a moderator:
Status
Not open for further replies.
Top Bottom