Welcome!

By registering with us, you'll be able to discuss, share and private message with other members of our community.

SignUp Now!

In-game правила

Status
Not open for further replies.

Shotshy

Staff member
Head Administrator
Joined
Nov 19, 2019
Пораки
27
1. Common Courtesy

Бидете љубезни према другите играчи и размислете пред да почнете да пишувате. Нема потреба се понашате лошо да им ја нарушувате забавата и да ги навредувате другите играчи и администрацијата која е тука да ви помогне. Вие треба да симулирате цело време и да практикувате roleplay игра. Не смеете да ги прекршувате правилата само ради тоа дека некој друг играч ги прекршува или ги прекршил, не смеете да нарушувате roleplay, да нарушувате roleplay, ниту пак да избегнувате roleplay доколку не ви каже некој од админите.

Пример:

Исклучување од игра со цел да избегнете апсење од полиција, бидејќи по ваше мислите дека сте уапсени без причина.
Одбивање на roleplay по извршен /report, додека не се телепортира админ.
Спамање на /report доколку играчите не се казнети од страна на админ, а вие мислите дека треба да бидат казнети.

Доколку сте во сред roleplay ситуација и некој играч ви се обраќа во OOC со цел да ви го наруши roleplay-от или за да ве исконтактира вие можете да го игнорирате истиот. Но доколку некој од администраторите се обидува да ве добие, ваша задача е да му одговорите. Игнорирањето на пораките од страна на администратор можат да бидат казниви.

Доколку наидете на некој bug во игра, ваша должност е истиот да го пријавите на форум. Секаква злоупотреба на bug ке ве доведе до permanent ban.

Во IC (In Character) чатот можете да пишувате на Англиски јазик само доколку од спротивната страна или останатите членови знаат Англиски односно не би им сметало да комуницирате на Англиски и претходно сте договорени OOC дека ке се одвива ситуацијата на Англиски, но доколку дојде од страна друг член кој има проблем со англискиот јазик вие мора да ја продолжите истата на Македонски. Забрането е користење на секаков вид на скратенки од типот на lol, омг итн. Во OOC (Out Of Character) чатот пишувајте само на Македонски. Доколку сакате да зборувате на друг јазик во IC чатот користете (Spanish) Еј, што има?

Доколку имате некакви прашања поврзани со серверот, користете ја командата /pomos. Доколку имате некаков проблем со некој од играчите, користете ја командата /report. Не ги контактирајте администраторите преку /pm, бидејќи е строго забрането и можете да бидете казнети.

Дозволено време да го оставите вашиот карактер AFK (Away From Keyboard) во игра е максимум 10 минути, но не на локација кадешто има голем број на играчи или кадешто играчите пробуваат да стапат во roleplay со вас.

Забранета е секаква злоупотреба кон PD, со цел да ги натерате да извршат потера кон вас.

Доколку мислите дека некој од staff мемберите ја злоупотребува својата функција, вие слободно можете да го репортнете истиот.

Доколку се исклучите или имате проблем со вашата интернет конекција и ненадејно се исклучите од серверот во ситуација каде што треба да сте уапсени од страна на полицијата. Ваша должност е да се вратите на серверот и да ја довршите ситуацијата, доколку не се конектирате повторно, вашиот карактер ке биде обвинет со бегство од притвор. Во ситуација кога сте казнети за исклучување од игра или проблеми при интернет конекција, администраторот автоматски му дава дозвола на PD и остнатите членови кои се врзани со законот да поднесат обвиненија кон вас иако вашето име не им е познато во игра.

2. Metagaming

Metagaming претставува мешање на информации од OOC (Out Of Character) во IC (In Character) чат и е строго забрането. Ова вклучува и чувствителни информации кои другите играчи во моментот нема потреба да ги знаат. Забрането е користење на /me и /do што другите играчи не можат да го видат, чујат, допрат, мириснат или осетат.

Пример:

Richard_Manning го чита името на Patrick_Wright и симулира во игра дека го знае неговото име.
Erick_Montoya му испраќа порака на Samuel_Perez и му кажува дека го ограбиле во својата куќа. Samuel_Perez ги мења своите IC планови на таков начин со цел да му помогне на Erick_Montoya.

Програми како што се Team Speak 3, Skype итн, се строго забранети доколку се користат за IC комуникација.

3. Powergaming

Powergaming може да се дефинира како извршување на работи кои не се возможни. Форсирање на играчи без да им се даде шанса да се одбранат во дадена ситуација, Измислување на работи кои не се случиле само за да имате некаква корист. Симулирање на работи за кои не постои скрипта само за да добиете предност.

Пример:

Michael_Cilantro го ја крева колата и ја фрла кон продавницата.
Пушење цигари под вода.
Трчање наоколу како ништо да не се десило, откако сте биле ранети од огнено оружје.
Симулирање дека вашиот бизнис го чува security guard, но тој не постои. (NPC карактери).
Робање на играч или кола со обични /cmd команди без никаков roleplay.

Не се полнете енергија одма после било каков вид на тепачка или престрелка.

Не постирајте огласи кои се поврзани со илегални работи. Секој оглас кој ке биде поврзан во врска со рекламација и лични услуги од типот на (барате маж/жена) ке биде казнет. Такви огласи несмеат да се постираат во игра, но можете да ги постирате на форум.

Доколку вашиот карактер поседува поголеми оружја како што се (Голф палка, Бејзбол палка, Лопата, Штека за биљард, Катана, shotgun, MP5, AK-47, M4, county rifle и sniper rifle), вие треба да симулирате како ги вадите истите со помош на командата /me, наместо да ги скролате.

4. Abuse of SA-MP Physics

SA-MP физиките и движењата се вметнати во играта и се невозможни да се изменат со скриптање, такашто следниве се забранети за користење со цел да се избегне non roleplay ситуација:

Bunny hop - скокање повеке пати со вашиот карактер за да се движите побрзо.
Olympic swimming - непрекинато пливање без никаков roleplay дека вашиот карактер се изморува.
Hopping/Tapping на точаци/мотори - скокање без престан или стискање W без престан за да возите побрзо.
Chicken-running - трчање зиг-заг со цел да избегнете куршуми од оружје.
Ninja-jacking - вадење на играчи од кола и исфрлање без никакво roleplay.
Vehicle-surfing - Возење на кров од кола, наместо да е внатре. Доколку сакате да киднапирате некој играч вие мора да го сместите истиот на едно од седишата кој се во колата, а не да се вози на покрив или гепек.
Drive by како возач на кола - пукање по други играчи од возачко седиште.
Drive by без возач во кола - пукање по други играчи од возило без возач.

5. Third Party Modifications

Модови и програми кои во игра ви даваат предност на вашиот карактер се строго забранети. Доколку се обидете да користите ке бидете банирани, истотака доколку забележите некој од играчите дека ги користи, ваша должност е да го пријавите.

6. Deathmatching

Deathmatching претставува извршување убиство врз играч без никаква roleplay причина. Забрането е извршување било каков тероризам без претходна дозвола од админ.

Тука исто така се вклучува и Revenge Kill, односно убивање на играч од освета. Доколку претходно сте убиени,вашиот карактер ја губи меморијата во играта како тој претходно бил убиен. Односно вашиот карактер треба да заборави на неговиот напаѓач.

Доколку вашиот карактер е повреден и е спасен од MD, вие имате право да продолжите со roleplay ситуацијата и со вашата меморија во врска со убиецот.

Доколку сте убиени и не ја знаете причината вие имате право да го прашате убиецот да ви објасни и да ви достави докази. Истото следи и за вас, доколку вие сте убиецот и сте прашани зошто сте го извршил тоа, вие сте должни да поставите докази и објаснувања.

Само членови кои се /invite во официјални факции можат да извршуваат убиства за пари односно да бидат Hitman. Така што ке не може секој рандом играч на серверот да се декларира како Hitman со цел да убие некој играч за пари.

7. Safezones

Строго забрането е извршување било каков вид на криминал на места кадешто има голема популација на луге или кадешто во вистински живот би биле надгледувани од security. Во ова правило спаѓаат следните локации:

Los Santos Police Department
Los Santos Fire Department
Los Santos Government
Los Santos Medical Department

Сите продажни салони за возила
Легални продавници за оружје
Банки
Аеродромот на Los Santos
Verona Mall
Santa Maria Fishing Pier
Ocean Docks Loading Bay

8. Disgusting Roleplay

Доколку претходно не е дадена OOC дозвола од сите играчи кои се вклучени во ситуацијата, следниве работи се строго забранети:

Силување
Канибализам
Педофилија
Некрофилија
Сексуална злоупотреба (Секаков вид на roleplay поврзано со секс, вклучувајќи и допирање на незгодни места)

Доколку се даде OOC дозвола од сите учесници истото мора да се изврши настрана од другите играчи каде што нема да биде прекинато. Доколку терате некој од играчите да гледа disgusting roleplay, вие го прекршувате истото правило.

Доколку се осекате незгодно додека трае ситуацијата иако сте дале дозвола, вие имате право да ја прекинете со тоа што ке ги информирате и останатите играчи.

9. Правила за Грабежи и Измама

Со оглед на фактот дека тешко се прават пари, поставени се неколку граници (лимити) во однос на овие работи.

- Лимит за ограбување на играч е ставено на $2.500, додека за измама $40.000. НАПОМЕНА: Овие работи треба да се одвиваат стрикно IC и последиците се исто така IC.

- За да можи да го ограбите играчот, тој треба да биде левел 3 или повисок! Односно, играчи од 1 и 2 левел не смеете да ги ограбувате или измамувате!

Убивање на играчот после грабеж (со цел да спречите јавување на полиција) е недозволено!

10. Користење на OOC методи за да избегнете Roleplay.


Ние сме сервер кој е стрикно насочен кон безпрекорно и течно Roleplay и со цел да го задржиме нашето мото, поставивме неколку рестрикции во однос на roleplay сцените.

Во никој случај не е дозволено да напуштате roleplay сцена без дозвола на администратор. Под ова се подразбира:

- Одење на /q (без останатите странки да се согласат на ова).
- Одење на AFK.
- Форсирање на краш.
- Отворање на OOC дискусија, карање и попречување на roleplay-от.
 
Last edited by a moderator:

SteelMan

Server Manager
Joined
Nov 20, 2019
Пораки
55
Додадено правило 9 и 10. [26 Декември, 2019]
 
Status
Not open for further replies.
Top Bottom